Неколку извори од Англија објавија дека Манчестер јунајтед и понатаму има верба во Рубен Аморим и не размислува за отказ на Португалецот.
Рубен Аморим повторно е на удар на јавноста откако Јунајтед синоќа со 3-0 беше поразен од Сити во големото дерби на Манчестер.
Многумина сметаат дека формацијата 3-4-3 не им одговара на „ѓаволите“ и стратегот треба да размисли за друг пристап, но Рубен Аморим инсистира дека нема да ја промени филозофијата.
Тој исто така порача дека единствен начин за Манчестер јунајтед да игра поинаку е раководството на клубот да му даде отказ и да именува нов тренер.
Неколку извори од Англија денеска објавија дека столчето на Рубен Аморим во моментов е стабилно, и „ѓаволите“ не размислуваат за отказ.
Клубот има долгорочен план, па иако има одредена фрустрација поради резултатите, нема да се носат избрзани одлуки.
По заминувањето на Сер Алекс Фергусон пред 12 години, двајца тренери го предводеа Манчестер јунајтед на привремена основа, и уште 8 тренери кои се задржаа подолго време. Во моментов раководството на клубот нема желба да се почне одново со деветти.