Арсими го понижи Пелистер среде Битола!

by riste
1 минути читање

Петтото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) заврши со неочекуван резултат, Пелистер на свој терен загуби од Арсими со 4-0.

Пелистер го играше својот прв натпревар во Битола оваа сезона, мечот беше закажан под рефлектори, битолската публика очекуваше сигурна победа од своите фудбалери, но наместо тоа се случи дебакл.

Мрежите мируваа се до 66. минута кога Бесагиќ даде гол за водство на Арсими од 1-0.

Во 81. минута Таипи погоди за 2-0, првично беше покажан офсајд, но по проверката со ВАР беше видено дека се работи за чиста ситуација.

Веќе во следниот напад беше 3-0 за Арсими, Шефит Шефити го матира голманот и реализираше. Тоа не беше се.

Длабоко во судиското продолжение Леонид Игнатов излезе сам пред битолскиот голман и реализираше за победа од 4-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×