160
Манчестер Сити лесно со 3-0 го совлада Манчестер јунајтед во големото градско дерби, Ерлинг Халанд со два гола ги предводеше „граѓаните“ до славје.
Ерлинг Халанд обожава да игра против Јунајтед, напаѓачот денеска постигна два гола и се изедначи со Агуеро и Руни (со по 8 погодоци) како најдобри стрелци во дербито на Манчестер.
Фоден го отвори резултатот во 18. минута, Англичанецот со глава ја затресе мрежата на „ѓаволите“.
Потоа во второто полувреме на сцена стапи Ерлинг Халанд, кој во 53. минута зголеми на 2-0.
Во 68. минута, домаќините тргнаа во контра, Норвежанецот се најде осамен пред голманот и рутински реализираше за 3-0.