Реал Мадрид со играч помалку славеше против Реал Сосиедад, четири од четири за Чаби Алонсо (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид го задржа перфектниот старт во Ла Лига откако попладнево со 1-2 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад и покрај тоа што повеќе од еден час играше со фудбалер помалку.

Чаби Алонсо има четири од четири на стартот од новата сезона, „кралевите“ со цел плен си заминаа од незгодното гостување во Сан Себастијан.

Резултатот беше отворен во 12. минута, Мбапе донесе предност од 0-1. Но Реал Мадрид доживеа пех во 32. минута, кога Хујсен доби црвен картон за фаул како последен човек во одбраната.

Но и со фудбалер помалку, Реал Мадрид успеа да ја дуплира предноста пред крајот на првиот дел, Мбапе убаво продре и го проигра Ѓулер за 0-2.

По десетина минути игра во второто полувреме, Реал Сосиедад се врати, Ојарзабал од пенал намали на 1-2.

Домаќините потоа силно притиснаа, имаа иницијатива, но немаа завршница на нападите, па резултатот остана непроменет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×