Oфицијално: Потврден трансферот на Кристијан Ериксен (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Данскиот ветеран, Кристијан Ериксен го комплетираше трансферот во редовите на Волфсбург каде што пристигнува како слободен фудбалер.

Ериксен беше без ангажман по истекот на договорот со Манчестер јунајтед ова лето, а сега  одлучи за првпат да настапува во германската Бундеслига.

„За мене Волфсбург е прва станица во Бундеслигата и многу се радувам на овој нов предизвик. Убеден сум дека во Волфсбург можеме многу да потигнеме. Разговорите со луѓето од клубот беа одлични. Веднаш почувствував ека Пол Симонс е човек кој има јасна визија за тимот, но и за мене“, порача Ериксен.

Во редовите на бундеслигашот, Ериксен ќе настапува со дресот со број „24“.

Фото: Manchester United/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×