Блажевски: Да ги освоиме првите бодови против Розенборг, да не останеме на нула

by
1 минути читање

Вардар во четврток го игра последниот натпревар од Лига Европа, досега македонскиот шампион доживеа пет порази, но на гостувањето кај Зенит покажаа дека можат многу повеќе. Искуството од првите пет меча значи многу, па навивачите очекуваат добра партија и први бодови. Блажевски смета дека големи се шансите да се стигне до нив.

„Јас мислам дека можеме и ќе се обидеме да освоиме еден или три бода, да не останеме на нула. Мислам дека имаме големи шанси да го оствариме тоа, бидејќи таму загубивме со 3-1, но одигравме одлично, имавме шанси за гол и на 0-0. Мислам дека ако постигневме гол први таму ќе остваревме подобар резултат. Во секој случај, таму се прикажавме во добро светло и мислам дека дома ќе ги освоиме првите бодови“, вели Дејан Блажевски. 

„Секако дека ние нема да се залетаме отпочеток и да тргнеме многу офанзивно, бидејќи ако примиме гол, знаеме дека потоа ќе биде многу тешко. Розенборг е квалитетна екипа. Како ќе поминува времето мислам дека ќе играме поофанзивно и ќе напаѓаме повеќе, но се зависи од моменталниот резултат. Може да играме и поповлечено, па повторно да примиме гол. Ќе покаже самиот натпревар“.

„Првите натпревари дома, со Зенит и со Реал Сосиедад мислам дека не беа реални. Ете на гости со Зенит игравме супер, иако загубивме со 2-1. Така што можевме да одиграме подобро и со Зенит и со Сосиедад, но некако ги преценивме противниците, па резултатите не беа реални“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани