154
Македонскиот бомбардер
погоди за победа од 0-1 на гостувањето на Гезтепе кај Кардемир Карабукспор а на
трибината каде беа сместени фановите на тимот од Измир повторно беше забележано
македонското знаме.

По мечот следеше голема
прослава за победата на Гезтепе кој со 24 бода се наоѓа на шестото место на
табелата и со изгледни шанси за уште повисоко место.
Што се однесува пак до
Јаховиќ, тој и натаму продолжува да ги тресе противничките мрежи во Турција,
моментално со 12 погодоци заостанува еден гол зад лидерот на листата на
стрелците Бафетимби Гомис од Галатасарај.
Видео: Goztepe
Spor Kulubu (Facebook)
Фото-вест: futbolarena.com