Во јуни потпишаа нов долг договор, а сега Нотингем и Нуно се разделуваат!

by 24 фудбал
1 минути читање

Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Нотингем Форест. Клубот и португалскиот стратег решија да се разделат веднаш, откако последните недели имаше тензии меѓу двете страни. Според информациите, газдата Евангелос Маринакис решил за ваква одлука откако двајцата имаа судир по еден натпревар.

Нотингем форест и официјално ја потврди разделбата со Нуно Еспирито Санто.

На листата на потенцијални кандидати се наоѓаат тројца тренери, меѓу кои и стратегот на Тотенхем, Анџе Постекоглу. Исто така грчкиот газда го следи и профилот на Марко Силва од Вулверхемптон, а се споменува дури и името на Жозе Мурињо.

Форест се наоѓа во тешка ситуација и раководството ќе мора брзо да реагира за да најде решение пред продолжението на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×