Вардар во последното,
шесто коло од групата „Л“ на домашен терен го пречекува норвешки Розенборг, а
со тоа овој меч ќе биде последен во дебитантската сезона во второто по ранг
европско клупско натпреварување.
Од Европската куќа на
фудбалот веќе номинираа за претстојните натпревари во последното коло од
групите во Лига Европа, а според тоа што можеме да видиме, главен делител на
правдата од мечот во Скопје ќе биде 40 годишниот Украинец, Серхи Боико.
Боико и судеше на
Шкендија на ланското гостување кај белгиски Гент во првиот меч помеѓу овие
екипи од плејофот за групите во Лига Европа, тогаш тетовските црвено-црно иако
први поведоа, се вратија со пораз од 2-1 од тоа гостување.
Украинецот има искуство
и со помладите селекции на Македонија, судеше во ремито со Србија во мечот за
фудбалери до 21 година (1-1) во 2011. година, а воедно ја делеше и правдата во
поразот на нашите фудбалери до 19 години од Унгарија истата година.
Извор: uefa.com