Непријатни моменти за Ибраими на дербито во Словенија

by
4 минути читање

Ибраими одигра 77 минути
во минималната победа од 1-0 над неговиот поранешен клуб Олимпија од Љубљана,
но се соочи со непријатности.

Гостинските фанови
упатија тешки навреди до нивниот поранешен миленик во текот на неговото
излегување од теренот, а за сето тоа пренесоа и тамошните медиуми.

Е*и се, Агим!“ му порачаа фановите на Олимпија во моментите кога Македонецот излегуваше од теренот.

Домжале бележи фантастична серија од четири победи во низа во најсилниот фудбалски шампионат на Словенија, амбициозниот проект на овој тим конечно профункционира а во фантастичната серија одлично се вклопи и нашиот интернационалец Ибраими.

29 годишниот офанзивец и некогашен најдобар фудбалер на Македонија забележа три настапи досега за Домжале, каде пристигна како слободен фудбалер на трансфер пазарот, а по компликациите околу регистрацијата, тој се врати во својата препознатлива форма.

Ќе издвоиме и дека нашиот втор интернационалец од редовите на Домжале, 27 годишниот Зени Хусмани ги одигра сите 90 минути за победничкиот табор. Поранешниот репрезентативец на Македонија има 14 настапи засега на кои има постигнато и еден гол.

Извор: ekipa.svet24.si

Фото-вест: 24ur.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани