Репрезентацијата на Црна Гора ќе ѝ гостува на Хрватска во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Во пресрет на натпреварот најава даде селекторот Роберт Просинечки. Хрватската легенда го испофали ривалот и свесен е за тежината на предизвикот.
„Доаѓаме во Загреб во незгодно време, по пораз. Мора дадеме максимум и да одиграме добар натпревар. Имаме проблеми со повреди. Знаеме која е Хрватска, особено јас ги познавам сите, а со дел од нив имам и работено. Изминатите години Хрватите имаа големи резултати. Тие имаат култ од репрезентација која се сака, за неа се дава максимум. Се надевам на полн стадион бидејќи нè очекува тешка средба. Хрватска со три бода би се квалификувала, ама и ние сакаме добар резултат“, изјави Просинечки.
Овие две репрезентации првпат во историјата играат меѓусебен натпревар.