Погба преку својот инстаграм профил го поздрави малиот Јане (ФОТО)

by
2 минути читање

Деветгодишниот Јане Велковски од Скопје е врзан за количка со дијагноза на Спинална мускулна атрофија. Тој бескрајно го сака фудбалот, а неговата приказна го освои фудбалскиот свет.

Денеска беше главна ѕвезда на доделувањето на на наградите на ФФМ, го доби најголемиот аплауз. Доби и неколку убави подароци меѓу кои и дрес од најдобриот млад македонски фудбалер Елиф Елмас.

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба преку својот инстаграм профил го поздрави малиот Јане и му вети дека наскоро ќе се видат. Деветгодишното момче потврди дека е во контакт со еден од најскапите фудбалери во светот и ќе присуствува на негов меч од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани