„Сицилијанците“
вчера ја пречекаа Венеција, а поради повреда, популарниот „Нестогол“ остана на
клупата за резерви.
Без Македонецот
во тимот, Палермо не успеа да го скрши отпорот на домаќините, па средбата
заврши со почетниот резултат.
По крајот на
натпреварот, Пипо Инзаги откри дека бил пресреќен кога видел дека Илија
Несторовски го нема во стартниот состав.
„Несторовски не
играше, но затоа пак во тимот беше Трајковски, кој постигна гол против Италија” – вели легендата на Милан.
„Но нема да лажам, ми олесна
кога видов дека Илија го нема во составот. Неговото отсуство е големо”.
Македонецот и
оваа сезона е прв играч на Палермо, тој зад своето име запиша 10 погодоци и
кога не е во составот, „Сицилијанците“ речиси секогаш се мачат пред
противничкиот гол.