Србија се коцкаше и скапо можеше да плати, едвај се извлече против Летонија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Србија многу потешко од очекуваното дојде до победа над Летонија и со минимални 0-1.

Херој на српската репрезентација беше напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ кој го постигна единствениот гол на средбата во 12. минута.

По тој гол гледавме еден натпревар со малку шанси и најмногу се играше на средината од теренот.

Можеше Србија таквата игра скапо да ја плати бидејќи Летонија во самата завршница имаше голема прилика, меѓутоа Миленовиќ спаси од гол-линијата.

Србија сега има седум бода во групата и во следното четврто коло ги чека многу потежок предизвик во кој ќе играат против Англија на домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×