Ристовски „опција“ за Коњаспор? (ФОТО)

by
1 минути читање

Стефан Ристовски, нашиот
25 годишен интернационалец од редовите на португалски Спортинг од Лисабон, се
најде на една листа на социјалните мрежи, листа од неколку десни бекови како
можни опции за турскиот Суперлигаш Коњаспор.


Извор: twitter.com

Сепак, очигледно дека не
е добро простудирана ситуацијата со Македонецот, Спортинг Лисабон ја активираше
опцијата за целосно да го откупи договорот на Ристовски од хрватскиот првак
Ријека, па сега тој има тригодишен договор.

Од тоа што можеме да го
забележиме на „трансфермаркет“, релевантниот извор на информации поврзани со
вакви податоци за фудбалерите ширум Европа и светот, се уште стои дека неговиот
договор со Спортинг Лисабон истекува идното лето, а опцијата за активирање на
клаузулата за откупување на неговиот договор од Ријека се уште не е вклучена.

Извор: transfermarkt.com

Само еден цел меч што го
одигра Стефан Ристовски за Спортинг беше доволен клубот од Лисабон да ја
активира таа опција од 2,25 милиони евра кои „легнаа“ на контото на Ријека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×