Доколку дојде до триумф
вечерва над Астон Вила, тимот на нашиот Езгјан Алиоски, Лидс ќе направи добар
исчекор во битката за место во четирите места кои водат во плејофот за пласман
во Премиерлигата, уште е рано за калкулации, но тимот од „Еланд Роуд“ знае дека
секој меч е важен.
Во пресрет на
вечерашното дерби од англиската Чемпионшиплига, „StatZone“ направи споредба помеѓу двајцата најистакнати фудбалери на обете страни,
Алиоски од едната, како и 30 годишниот Шкотланѓанец Роберт Снодграс од другата
страна.

Популарниот „Џани“ од
тоа што го гледаме има подобра статистика во однос на фудбалерот на Астон Вила
кој има и премиерлигашко искуство во својата кариера.
Нашиот 25 годишен
интернационалец има пет гола засега, наспроти двата на Снодграс, Македонецот
има 17 настапи наспроти 14 на својот вечерашен ривал. Во однос на асистенциите,
тука води Снодграс со пет, наспроти трите на Алиоски.
Играта на противничката
половина исто така е подобро „оружје“ на Алиоски кој има 31 обид кон
противничките голови, 11 во рамките, Снодграс има процентуално поефикасни
обиди, од 17, 10 се во рамките на голот.
49 допири со топката во
противничката половина за Алиоски, 38 за Шкотланѓанецот. Она што е можеби
негативно за нашиот фудбалер е тоа што десет пати се нашол во офсајд позиција,
Снодграс само еднаш. Но, Македонецот води во дуелите кои ги добил со
противниците, вкупно 95, неговиот ривал има 81 добиен дуел.