Брера денеска ја потврди оставката на тренерот Панче Стојанов кој заминува од клубот поради лични убедувања.
„Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона. Тој верува во потенцијалот на екипата што ја предводеше а оставката е од лични причини“, велат од Брера.
Оставката ја образложи и самиот Панче Стојанов.
„Оставката е лична бидејки не можам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига“, вели Стојанов.