Нашиот 25 годишен
интернационалец од редовите на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс, Езгјан Алиоски беше дел од интересниот разговор во емисијата на „Sky Bet“ заедно со неговиот тимски соиграч Понтус Јансон.
Обајцата одговараа на
многу прашања, а го бележиме и одговорот на прашањето „Кој бил идолот на Алиоски во неговите
фудбалски почетоци“.
„Роберто Карлос, бидејќи играв како лев бек. Потоа се
појави и Марсело…“ откри Алиоски.
Познато е дека
популарниот „Џани“ своевремено играше на левата бековска позиција, а неговите
квалитети во офанзивата веднаш беа воочени, по што се префрли нешто понапред по
левата страна, на која игра во моментов.
Алиоски постигна четири
гола во серија за Лидс, неговиот тим има освоено 29 бода од 19 натпревари.
Вечерва нов предизвик за Македонецот, Астон Вила.