359
Шкендија Арачиново се засили со квалитетно име за дефанзивата, бидејќи во своите редови го доведе Арсим Љамалари.
31-годишниот стопер кој минатите сезони настапуваше во ПМФЛ за екипите на Беса и Силекс ќе биде огромно дефанзивно засилување за новиот второлигаш со огромни амбиции. Љамалари носи стабилност и сигурност во стоперската линија и се очекува да биде лидер на тимот.
Во својата кариера освен за Силекс и Беса дефанзивецот настапуваше во мак-фудбалот за Скопје, а почна како младинец од Еуромилк Горно Лисиче.
Од 2017 до 2019 година Љамалари имаше и авантура во Турција настапувајќи за Караман и Силифке.