Вардар фрли се’ на една карта, Стојкоски можеше да го матира шампионот во финишот (ФОТО)

by
1 минути читање

Шкупи обезбеди реми со
резултат 1-1 на гостувањето кај Вардар во првиот дуел помеѓу овие две екипи во
заостанатиот двомеч од осминафиналето во Купот.

Тимот од Чаир прв дојде
до водство на мечот во Ѓорче Петров со голот на Јашароски, а во второто
полувреме прими гол за конечниот епилог на средбата.

Вардар по израмнувачкиот
гол фрли се
на една
карта, напаѓаше многу а тоа му отвори големи шанси на противникот да се закани
преку контри или пак полуконтри.

Кристијан Стојкоски беше
фудбалерот кој можеше да казни преку брза транзиција во играта на гостите,
најнапред неговиот удар во стопроцентната прилика по нафрлена топка од Мбела по
левата страна беше правовремено изблокиран во последен момент од страна на
Муслиу, а во втората ситуација неговиот удар во судиското продолжение заврши во
надворешниот дел од левата статива. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×