Гигантот од Истанбул се
бореше до последен момент за да ја добие потребната дозвола за регистрација на
тогаш 17 годишниот Елиф Елмас во првиот сениорски состав изминатото лето, но во
тоа не успеа.
Постоеа разни шпекулации
околу тоа како Фенербахче крои планови за да го вметне Елмас во тимот, дури и
се наведуваше Ван Перси како „жртва“ во тие идеи, но ништо од тоа не испадна,
па Елмас продолжи со настапи за младинскиот состав, а тренинзи со првиот тим.
Тешко дека е веројатно,
но најновите информации кои доаѓаат од Турција велат дека Фенербахче ја
разгледува опцијата да го прати нашиот фудбалер на позајмица, во јануари.
Според пишувањата,
Фенербахче има намера да ангажира двајца интернационалци, листата е веќе
исцрпена со лимитираната бројка на странци, се очекува истата да биде и
надмината.
Извор: yenisafak.com