Адеми пресреќен и полн со емоции по голот за Динамо: Фала богу, влезе… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Динамо Загреб се избори
за место во четирите најдобри од Купот во Хрватска откако на домашен терен
обезбеди победа од 4-2 над Истра.

Нашиот 26 годишен
интернационалец Аријан Адеми погоди во 48. минута за 3-0, а тоа беше неговиот
прв клупски гол по враќањето на фудбалските терени по двегодишната суспензија.


Пререќен сум и
задоволен, но најважно од се
е тоа што минавме понатаму. Знаеме какво е куп-натпреварувањето, доста
тешко, изненадувања се можни секогаш, но ја одработивме нашата задача на
најдобар можен начин. Голот? Фала богу, влезе, како што реков, пресреќен сум

истакна Адеми по мечот.

 

Извор/Фото-вест:
index.hr 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани