Познато е колку ќе заработат Каират, Бодо и Пафос со влезот во ЛШ!

by riste
1 минути читање

Каират Алмати од Казахстан, Бодо/Глимт од Норвешка и Пафос од Кипар испишаа клупски истории откако за првпат обезбедија учество во главната фаза на Лигата на шампионите.

Покрај спортскиот дел од успехот, тие заработија многу пари и со самиот влез во Лигата на шампионите.

Само за пласманот тие ќе добијат по 18,62 милиони евра. Потоа со секој евентуален бод ќе може оваа сума да ја зголемат.

Црвена звезда, Селтик и Штурм ќе продолжат во Лига Европа, за сите нив ќе има по 8,6 милиони евра во ова натпреварување.

Тоа значи дека елиминацијата од плејофот за пласман во ЛШ засега ги чини по 10 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×