380
Македонскиот фудбалер Аријан Адеми летово се пресели во унгарскиот Ујпешт каде што е стандарден член на првата постава и од стартот на сезоната одигра пет натпревари со во просек по 82 минути на теренот.
Во тие пет натпревари Адеми доби дури четири жолти картони и тоа е ист број на картони колку што добил во Динамо во последните две сезони во хрватското првенство.
Адеми е познат по големата борба и пожртвуваноста на теренот, но очигледно судењето во Унгарија баш и не му одговара. Вкупно во тие две сезони во Хрваска на кои доби четири жолти картони одигра дури 71 натпревар.
Низ годините стна витинска легенда на Динамо за кој одигра над 400 натпревари и освои 13 титули.