„Како ќе се санкционира
недисциплината ќе видиме, тоа е работа на клубот“ рече Владимир Буач, шефот на
стручниот штаб на тимот.
Наводно, нашиот фудбалер
поради прекршување на клупската дисциплина добил привремена суспензија а со
самото тоа и ќе тренира одвоено од првиот тим.
Во интервју за „Мондо“,
Аврамовски демантира дека е суспендиран.
„Не сум добил никаква
суспензија и нема причина за такво нешто. Усно бев известен од страна на
секретарот на стручниот штаб дека не сум во конкуренција за 18-те фудбалери до
понатаму. Причината за таа одлука не ми беа соопштени“ вели Аврамовски кој
притоа додава дека нема судир со клубот ниту пак некој разговарал со него во
однос на оваа тема.
„Го ценам овој клуб и
сакам да го дадам својот максимум, како и да му помогнам во остварувањето на
подобри резултати со своите игри“ порача Аврамовски.
Аврамовски во последниот
ден од изминатиот летен преоден рок пристигна во Војводина како позајмен од
словенечка Олимпија, досега одигра седум натпревари на кои постигна и еден гол
засега.
Извор, фото-вест: mondo.rs