25 годишниот македонски
репрезентативец Александар Трајковски, инаку член на италијанскиот второлигаш
Палермо, и натаму не е во преден план кај шефот на стручниот штаб Бруно
Тедино.
Трајковски одигра осум
натпревари на кои постигна еден гол засега по 16 одиграни кола во Серија Б.
Изминатиот викенд Трајковски
од клупата за резервни фудбалери ја проследи победата на својот тим од 1-3 на
гостувањето кај Авелино каде стрелец на еден гол беше и капитенот Несторовски,
на асистенција на 29 годишниот босански интернационалец Мато Јајало.
Токму Босанецот се одзва
да коментира за ситуацијата во која се наоѓа Трајковски.
„За Трајковски можам
слободно да кажам дека тој е нашиот најсилен играч, но можеби треба да додаде
нешто екстра, ова не е критика…“ изјави Јајало.
Извор: mediagol.it