Комо одбил 70 милиони евра за Нико Паз, причината за тоа е – Реал Мадрид!

by riste
1 минути читање

Нико Паз во голема форма ја зарши минатата сезона, а оваа ја почна фантастично, со прекрасен гол од слободен удар и асистенција за победа на Комо од 2-0 над Лацио.

Многу клубови го сакаат Паз, информациите велат дека Тотнем нуди 70 милиони евра за него, но бил одбиен од Комо.

Причината е и Реал Мадрид од каде Паз дојде во Комо.

Наводно Реал Мадрид сака да го врати Паз во 2026 година и со Комо имаат џентлменски договор дека ќе ја изедначат секоја понуда која италијанскиот клуб ќе ја добие.

Тоа значи дека ако Тотнем нуди 70 милиони евра, Реал Мадрид ќе понуди исто толку за да го добие Паз назад.

Оваа сезона фудбалерот нема да направи трансфер, тој е среќен во Комо и сака да ја одигра сезоната во италијанскиот клуб под водство на Фабрегас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×