433
Реал Мадрид синоќа одигра добар натпревар и победи со убедливи 3-0 на гостувањето кај Овиедо.
Тибо Куртоа немаше многу работа на овој меч, но фати неколку топки кои ги шутнаа домаќините.
„Чаби Алонсо бара од нас многу да притискаме и ако тие ја земат топката и направат контра, целиот тим мора брзо да се враќа назад, токму тоа го правевме на овој меч и тоа е тоа што ќе го правиме во иднина“, откри Куртоа.