Фудбалерите на Евертон по поразот од Лидс во првото коло денеска ја запишаа првата победа во новата сезона од Премиер лигата и тоа против Брајтон со 2-0.
Во првото коло „карамелите“ играа на гости, па така денешниот натпревар беше прв на нивниот стадион и започнаа одлично со три бода.
Навивачите сигурно ги радува и добриот настап на Џек Грилиш кој беше асистент за двата гола. Засилувањето од Манчестер сити прво му асистираше на Ндиаје во 23. минута, а потоа и на Гарнер во вториот дел.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Кристал палас Нотингем форест ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1. Домаќините поведоа со погоокот на Сар во 37. минута, додека во вториот дел израни Хадсон Одои.