Брегалница побара казна за Шкупи: Најостро го осудуваме денешниот инцидент

by Стефан
1 минути читање

Во македонската спортска јавност денеска силно одекна скандалот во Штип каде што родители на фудбалери на Шкупи тепале деца на Брегалница.

По скандалот се огласија и од штипскиот клуб од каде што најостро го осудија инцидентот и посакаа брзо опоравување на повредените деца во инцидентот.

Исто така тие ги повикуваат и надлежните за санкции кон Шкупи.

Најостро го осудуваме денешниот инцидент на натпреварот помеѓу ФК Брегалница и ФК Шкупи (2009-2010 генерација). Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст. На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно со највисоки казни да ги санкционираат кривците“, стои во соопштението од клубот од Штип.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×