Изминатиов период доста
голема дискусија разви тоа кој да има приоритет во однос на носењето на
капитентската лента во хрватскиот вицепрвак Динамо Загреб.
По враќањето на Аријан
Адеми од двегодишната суспензија поради допинг, македонскиот репрезентативец
веднаш ја доби улогата на капитен во тимот од Загреб а тоа донесе дискусија по
ова прашање.
Хрватското издание на специјализираниот
фудбалски портал „Гол“ пишува дека повеќе нема никакви дилеми во однос на тоа
кој ќе биде прва опција за капитен на тимот, сите се странци.
„Динамо Загреб во
продолжението од сезоната ќе го предводат натурализиран Македонец, Алжирец и
Аргентинец. Загребчаните повеќе не се на мапа…“ пишува порталот.
Извор/Фото-вест:
goal.com/hr