244
Манчестер сити го запиша првиот пораз во новата сезона од Премиер лигата и тоа на домашен терен, каде во дербито од второто коло беше совладан од Тотнем 0-2.
Екипата на Томас Франк одигра дисциплинирано и ефикасно, па сосема заслужено замина од „Етихад“ со цели три бода. По двете одиграни кола, лондонскиот клуб има максимални шест поени, но исто така и Викарио се уште не е совладан.
Бренан Џонсон го отвори резултатот во 35. минута по одлична акција и додавање од Ришарлисон, а до крајот на првото полувреме Палиња ја зголеми предноста на 0-2.
Второто полувреме донесе игра со помалку шанси, па така Тотнем сигурно ја чувше предноста.