Македонскиот
репрезентативец и член на Лидс, Езгјан Алиоски викендов по четврти пат во
серија стрелаше за англискиот Чемпионшиплигаш, почна против Брендфорд, па серијата
продолжи против Мидлзбро, Вулверхемптон и Барнсли.
Поранешниот напаѓач на
Лидс, Ноел Велан, кој често ги коментира случувањата во клубот пред извесен
период не се штедеше на критиките до Македонецот, но формата на популарниот „Џани“
го натера да критиките се трансформираат во пофалби.
„Мислам дека полека но
сигурно тој се адаптира во Чемпионшиплигата, тоа се покажа и на последниот
натпревар“ смета Велан кој инаку претходно бараше изоставување на Македонецот од тимот поради неговите слаби изданија.
Поранешен напаѓач на Лидс издвои што му недостасува на Алиоски во Англија
„Тој се поправи во
нападите и во одбраната, помага. Тој е сега се’ посилен и посилен, тоа може лесно да се констатира по
неговите дуели на теренот и на начинот на кој што игра“ додаде тој.
Извор/Фото-вест: insidefutbol.com