Еспирито Санто потврди: Немам добар однос со сопственикот на клубот!

by riste
1 минути читање

И покрај добрите резултати, Нотингем форест наскоро ќе го смени тренерот, Нуњо Еспирито Санто ги потврди гласините дека неговиот однос со газдата Евангелос Маринакис е нарушен.

На денешната редовна прес-конференција пред стартот на новото коло во Премиер лигата, Нуњо Еспирито Санто го потврди тоа што утринава се појави во медиумите.

„Минатата сезона имавме многу добар однос, бевме блиски на дневно ниво. Оваа сезона не е толку добар односот. Отсекогаш сум верувал дека дијалогот и вашето мислење е секогаш вредно бидејќи мојата грижа е тимот и сезоната која е пред нас, но нашиот однос се промени. Веќе не е толку близок, не е добар, мислам дека сите во клубот треба да бидат заедно, но така не е во реалноста“, изјави Нуњо Еспирито Санто.

Се очекува оваа изјава да ја забрза одлуката на грчкиот газда и наскоро да дојде до промена на тренерската позиција.

Некои шпекулираат дека Анже Постекоглу ќе биде новиот тренер на Нотингем форест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×