Вардар вечерва гостува
кај руски Зенит во Санкт Петербург во петтото, претпоследно коло од групата „Л“,
ова ќе биде втора пресметка помеѓу овие две екипи откако во Скопје еден од
главните фаворити за титулата во второто по ранг европско клупско
натпреварување славеше убедливо со 0-5.
Веќе се познати
почетните состави на обете страни, па така стратегот од клупата на
црвено-црните, Чеде Јаневски се реши за стандардната формациска поставеност од
4-2-3-1, а осамен во шпицот на нападот ќе биде Бразилецот Итало.
Вардар: Гачевски, Грнчаров, Џигаури, Марковиќ, Николов,
Барсегјан, Хамбарѕумјан, Новак, Демири, Итало и Фелипе.
Мечот на арената „Крестовски“
на кој главен арбитар ќе биде белгискиот судија Барт Вертентен, стартува со
почеток од 19 часот.
Извор:
uefa.com