Франк: Го држевме ПСЖ каде што сакавме до 80 минута…

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем пропушти голема шанса да ја отвори сезоната со нов трофеј. „Петлите“ имаа водство од 2-0 против ПСЖ во Суперкупот на Европа, но францускиот шампион успеа да се врати во игра, израмни на 2-2 и потоа беше поуспешен при изведувањето на пеналите за да го освои трофејот.

И покрај разочарувачкиот епилог, тренерот Томас Франк остана смирен и задоволен од прикажаното.

Одигравме доста добро против еден од најдобрите тимови во светот, ако не и најдобриот. Ги држевме таму каде што сакавме осумдесетина минути, сè до голот за 2-1. Секако, тогаш се промени моментумот, ама има многу позитивни работи. Има зошто да бидеме среќни. Покажавме дека можеме да се прилагодуваме, потребно ни беше тоа против тим како ПСЖ. Начинот на кој сакавме да се браниме со висок притисок и низок блок беше доста добар. Првиот дел беше речиси перфектен, бевме опасни и од прекини и тоа е доста важно. Многу сум горд за клубот, фановите и играчите, за тие 75-80 минути кои беа речиси перфектни против таков ривал. Резултатот 2-2 беше добар. Ако се погледне перформансот, начинот на кој играчите играа и менталитетот“, изјави Франк.

Тотнем остана без трофеј на стартот на новата сезона, иако во мај ја освои Лигата на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×