Пари Сен Жермен не дозволи да загуби второ финале по поразот на Светското клупско првенство од Челси и вечерва на пенали успеа да слави проив Тотнем во европскиот Суперкуп, откако во регуларниот дел беше 2-2.
Тотнем беше подобар противник во поголем дел од натпреварот, ПСЖ во првиот дел не успеа да испрати ниту еден удар во рамките од англискиот клуб.
Подобрата игра избраниците на Томас Франк ја крунисаа и со погодок кој го постигна Ван Де Ван во 39. минута.
Постигна Тотнем и втор гол на стартот од вториот дел кога лошо реагираше новиот голман на францускиот гигант, Чевалие.
Изгледаше Тотнем сигурен се до последните минути кога прво Ли Канг во 85. минута намали на 1-2, а потоа Гонзало Рамош успеа и да израмни во четвртата минута од судиското продолжение.
ПСЖ не тргна добро и во пенал серијата, Витиња го имаше првото промашување, но потоа за Тотнем не реализираа стрелецот, Ван Де Вен и Тел.