„Чим преферира да седи на клупа во Јунајтед наместо да игра во Милан… ич нека не доаѓа, не ни треба!“

by bojan
2 минути читање

Легендата на Милан, Ариго Саки вели дека на „росонерите“ не им е потребен Расмус Хојлунд, смета дека напаѓачот не покажал доволно страст и желба за настап на Сан Сиро.

Милан сака да го ангажира Расмус Хојлунд на позајмица, Манчестер јунајтед е подготвен да седне на маса со „росонерит“, но самиот напаѓач се противи на една ваква зделка и во моментов преферира да остане на Олд Трафорд.

Во разговор со Газета дело Спорт, легендарниот Ариго Саки смета дека Милан не треба залудно да си го губи времето со фудбалер кој не покажува доволно страст и желба за „црвено-црниот“ дрес.

„Како прво, не зборуваме за профил од типот на Ван Бастен, ниту за еден од најдобрите напаѓачи во Европа во моментов. Тој е само добар напаѓач, ништо повеќе“ – вели Саки.

„Разбирам каква им е идејата на директорите на Милан со оглед на тоа дека нема многу напаѓачи на пазарот. Но прво и најосновно, тој треба да сака да дојде во Италија“.

„Не го разбирам. Доколку ви се јави Милан, веднаш се пакувате и го фаќате првиот лет за Милано. Во светот на фудбалот, Милан е митично име. Сите играчи кои пристигнуваат, прво добиваат прошетка во собата со трофеи за да разберат каде направиле трансфер“.

„Секако, и Манчестер јунајтед е легендарен клуб… Но кога клуб како Милан ви нуди шанса да играте и да бидете стандарден првотимец, а другиот клуб прави се што може за да ве продаде… кого вие би одбрале?“

„Чим преферира да седи на клупа во Манчестер јунајтед наместо да биде стартер во Милан, ич нека не доаѓа, не ни треба таков напаѓач, раководството на Милан треба да се насочи кон некој кој со задоволство ќе го облече дресот“.

„Милан треба да биде на врвот, а не втора опција. Доколку немате страст, доколку не сте подготвени да се жртвувате за клубот и соиграчите, подобро тој да си седи дома“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×