Останува отворено
прашањето каков ќе биде исходот од преговорите помеѓу клубот и нашиот
интернационалец ако се земе во предвид дека неговиот актуелен важечки договор
истекува идното лето. Турските медиуми неодамна објавија дека Јаховиќ на маса
има понуда од Гезтепе за двојно повисока годишна плата во износ од околу 750
илјади евра.
Три клубови од Кина се
заинтересирани за услугите на нашиот напаѓач, и тоа новите прволигаши Далиан
Јифанг и Пекинг Рехне, како и Лиоанинг, екипа која неодамна испадна од елитниот
шампионат на Кина. Овие клубови очигледно дека нема да се штедат во обидите да
се засилат со Јаховиќ, па наводно тој има понуда вредна 1,5 милиони евра по
сезона.
„SportMynet“ пишува дека нашиот фудбалер му дал инструкции на својот менаџер кој во
периодот кој претстои треба да има разговори со челните лица на Гезтепе, дека „приоритет
му е клубот од Измир“.
Јаховиќ со 11 настапи и
исто толку погодоци е на врвот на листата на стрелците во турската Суперлига
заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај.
Извор: spor.mynet.com