Вардар утревечер го игра петтиот, претпоследен меч во
групата „Л“ од Лига Европа, гостува кај Зенит во Санкт Петерзбург, а првиот
дуел против рускиот претставник во Скопје не мина според очекувањата, па
црвено-црните загубија убедливо со 0-5.
Евгениј Новак,
вардаровиот одбранбен фудбалер знае за каков противник станува збор, најавува
борба за остварување на позитивен резултат од ова мошне тешко гостување за
нашиот шампион.
„Не
очекуваме дека ќе биде лесно, затоа што знаеме дека Зенит е добра и силна
екипа дека играат многу добро. Тие играат често во Лигата на Европа. Имаме само
порази во првите четири натпревари, но не чека нов натпревар во кој ќе се
бориме да оствариме овој пат добар резултат. Пред нас се уште два натпревари во
групната фаза од Лигата на Европа, и се надеваме дека ќе играме подобро и дека
ќе оствариме подобри резултати од претходните“ вели Новак.
„Силен
состав има Зенит со силни играчи како Дзјуба, Кокорин, од оваа сезона имаат
стадион кој што е спектакуларен. Очекувам тоа да биде една убава вечер за сите
кои ќе дојдат на стадионот и ќе имаат можност да уживаат во натпреварот. Ние со
нетрпение го очекуваме мечот“
додаде тој.
Извор/Фото-вест:
fkvardar.mk