73
Вардарци утре ќе се соочат со нов предизвик во Лига Европа и ќе се обидат да го подобрат впечатокот од претходните изданија иако пред себе го имаат најтешкиот противник во групата.
Зенит уште во првото коло го спушти Вардар на земја победувајќи го со 5-0 на арената „Филип Втори“, македонскиот тим утре ќе се обиде да биде далеку порамноправен тим.
Денеска Вардар ќе го има редовниот официјален тренинг, а претходно Чеде Јаневски со еден од фудбалерите ќе одржи прес конференција.
Натпреварот се игра утре (четврток) со почеток од 19 часот. Судиите се од Белгија на чело со Барт Вертентен.