209
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга најверојатно ќе го пропушти стартот од сезоната во Ла Лига откако заработи повреда на скочниот зглоб.
Камавинга нема да биде дел од утрешниот пријателски меч против Тирол, а веројатно ќе биде во аут и за дуелот со Осасуна од првото коло кој се игра на 19 август.
Французинот имаше чести повреди и минатата сезона, вкупно четири поради кој пропушти дури 35 меча за Реал и репрезентацијата.
Најголемата пауза ја имаше пред крајот на кампања, од април до јули, вклучувајќи го Светското клупско првенство.