257
Eкипата на Милан е една од најактивните пред почетокот на новата сезона, а по трансферот на Ардон Јашари и Лука Модриќ, „росонерите“ го договорија и Кони Де Винтер од Џенова.
Според информациите на Фабрицио Романо, трансферот е речиси договорен и потребно е само да се потврдат одредени детали по што фудбалерот ќе ги одработи медицинските прегледи и ќе стави потпис на договор со италијанскиот гигант.
Џенова за трансферот на централниот дефанзивец кој го доведе минатото лето од Јувентус добие сума од 20 милион евра.
Пред Џенова, Де Винтер беше дел од Емполи и Јувентус каде што настапуваше во младинските категории.