Агим Ибраими конечно ги
надмина компликациите околу регистрацијата во Домжале, врза два настапи за
словенечкиот прволигаш а нему конечно му тргна, бележејќи учинок од четири
победи и еден пораз во петте последни натпревари од шампионатот на Словенија.
Ибраими заедно со Зени
Хусмани го одиграа целиот меч за Домжале во минималниот триумф на домашен терен
над Кршко со 1-0, а токму Ибраими се најде во една мошне интересна ситуација од
овој меч за која пренесоа повеќето медиуми во Словенија.
Очигледно е дека нашиот
Ибраими е и повеќе од расположен за игра, па не е важно дали неговиот тим е во
водство, важно е да се искористи секоја ситуација да се нападне противникот по
брза „постапка“…
„Нашиот тим игра брза
игра. Понекогаш пребрза…“ беше дел од коментарот на официјалниот твитер
профил на клубот.