Го поврзуваа со Косово, но Игор Ангеловски е сериозен кандидат за клупата на босански гигант!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски би можел да ја продолжи својата тренерска кариера во Босна и Херцеговина.

Според информациите на порталот „klix.ba“, тој е меѓу кандидатите за нов стратег на Сараево, клуб кој остана без тренер по заминувањето на Зоран Зекиќ.

Ангеловски во последниот период се поврзуваше со косовска Приштина, но сега доби уште една опција. Дополнителен мотив за ваков развој е и присуството на неколку македонски фудбалери во Сарајево, откако спортскиот директор Крсте Велкоски летово ги доведе Стефан Ристовски и Агон Елези, а Ангеловски би бил четвртиот Македонец во тимот.

Максимално сме ангажирани во процесот за пронаоѓање на најдоброто решение за нов тренер. Ги разбирам навивачите кои се нетрпеливи, но уште не сме донеле одлука“, изјави Велкоски за изборот на наследник на Зекиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×