Ристовски и Елези добија супер засилување – Адем Љајиќ потпиша за Сараево!

by riste
0 минути читање

Славниот босански клуб, ФК Сараево денеска се пофали дека го ангажира и Адем Љајиќ кој стави потпис на двегодишен договор.

Нашиот Крсте Велковски кој ова лето стана спортски директор на ФК Сараево, креира тим за највисоки цели.

Денеска потпишаа со Адем Љајиќ фудбалерот кој играше за клубови како Фиорентина, Рома, Интер, Торино и Бешикташ.

„Нашиот клуб доби големо засилување, Адем Љајиќ пристигна во нашата фамилија. Тој стави потпис на договор до 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона“, стои во соопштението на ФК Сараево.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×