Хрватски „Гол“: Само во Динамо Загреб не се знае кој е капитен, ниту на Адеми не му е јасно што се случува (ФОТО)

by
2 минути читање

Динамо Загреб полека но
сигурно се враќа на врвот во хрватскиот фудбал, по едногодишна пауза хрватскиот
гигант е прв на табелата по 16 одиграни кола во тамошниот прволигашки
шампионат, и веќе има предност од цели 12 бода во однос на Хајдук и Осијек.

Најновата победа од 2-0
над Локомотива Загреб вчера не е тема низ медиумите во Хрватска, туку нешто
сосема друго.

Се шпекулира дека на
нашиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми не му било јасно тоа што „преку ноќ“ станал капитен на тимот, познато е дека тој со Домагој
Антолиќ се големи пријатели, а Марио Цвитановиќ направи потег кој се чини дека
никој не го разбира во Хрватска.

Нова глупост на
Цвитановиќ
: Само во
Динамо не се знае кој е капитен, а ниту Адеми не му е јасно што се случи…

пишува хрватското издание на специјализираниот фудбалски портал „Гол“ во својот
наслов.

Аријан Адеми е еден од
лидерите во соблекувалната и вистинско решение за капитен на тимот, но Догамој
Антолиќ не заслужи преку ноќ да ја загуби капитенската лента, тоа никако…

додава истиот медиум.

Адеми секој ден
воодушевува се повеќе и повеќе во Максимир, никој не веруваше дека така ќе се
врати на фудбалските терени, токму тој е вистински пакет за капитен, секако, и
еден од вистинските лидери во соблекувалната. Но, постои начин и постои ред, а
Адеми своите пет минути беше подготвен да ги сочека
“ пишува „Гол“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани