Брера се пофали со ново засилување: Очекуваат да биде столб на одбраната!

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Брера попладнево објави ново засилување пред самиот старт новата сезона во ПМФЛ која започнува викендов.

Ново име во редовите на струмичкиот клуб е одбранбениот српски фудбалер, Лука Луковиќ кој пристигнува од Србија и има 24 години. Во Брера тој доаѓа од првенственствоот на Малта каде што настапуваше за тимот на Балазан.

Покрај Малта низ кариерата тој беше дел од естонскиот шампионат, а во Србија беше дел од: Смедерево, Слога Краљево, Телеоптик, Синџелиќ Белград.

Како што истакнуваат од Брера од него очекуваат да биде вистински столб на одбраната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×