Тренерот на ФК Сараево си поднесе оставка, Ристовски и Елези ќе имаат нов предводник!

by riste
0 минути читање

Фудбалскиот клуб Сараево објави дека Зоран Зекиќ повеќе не е тренер на првиот тим откако тој си поднел неотповиклива оставка.

„Ги информираме навивачите и целокупната јавност дека Зоран Зекиќ си поднесе неотповиклива оставка на тренерската позиција на ФК Сараево“, соопшти босанскиот клуб.

Сараево имаше разочарувачки старт на сезоната. Испадна од Конференциската лига во второто квалификациско коло, а на стартот од домашното првенство одигра 4-4 со Радник од Бјелина иако имаа водство од 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×