Тензија во Барселона: Од клубот го бараат Тер Штеген, Германецот не се јавува!

by riste
1 минути читање

Германскиот голман, Марк Андре Тер Штеген влезе во војна со Барселона откако одби да го потпише медицинскиот извештај за да може клубот да регистрира друг фудбалер.

Последните информации велат дека Барселона се обидувала денеска да се сретне со Тер Штеген, но Германецот ги одбивал повиците и не се јавувал. Едноставно ги игнорирал повиците на клубот.

Германецот во моментов е повреден, но Барселона се обидува да го продаде, а тој не сака да се откаже од високата плата која ја има и сака да го испочитува договорот до крај.

Тер Штеген во новата сезона ќе биде дури трет голман на Барселона, што значи дека тешко би можел да очекува дека ќе добие некоја минута на теренот.

Германецот е капитен на Барселона и во моментов добива големи критики и од клубот и од фан базата на Барселона бидејќи со неговото однесување да стави потпис на медицинскиот извештај, блокира да се регистрираат нови засилувања.

Се смета дека Тер Штеген е лут бидејќи Ханси Флик не го играл на последниот лига меч, ако настапел тоа ќе му донело бонус од 3,5 милиони евра.

Дополнително гневот на голманот се зголемил и со потпишувањето на Жоан Гарсија.

Барселона ја разгледува можноста за тужба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×